ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Освен Деспотовски, има и други кандидати за лидер на СДСМ

Fatlume Dervishi

Како што се наближува утрешниот ден кога истекува рокот за поднесување кандидатури за нов претседател на СДСМ, гласините за другите можни кандидати се зголемуваат. Директорот на Технолошко индустриските развојни зони Јован Деспотовски сериозно размислува да достави својата програма, но ќе искористи уште ден за да одлучи.

Од друга страна, во интервју за „24 Вести“, поранешниот шеф на УБК и советник на Зоран Заев, Миле Зечевиќ најави можна кандидатура, но првично ќе процени дали неговата кандидатура може да влијае на унитарноста на партијата или може дополнително да ја влоши состојбата. Зечевиќ себеси се смета за поквалификуван од останатите кандидати за претседател на СДСМ, но смета дека Заев треба да остане премиер.

Во меѓувреме, веќе се шпекулира и за други можни кандидати, како Властимир Алексовски од СДСМ – Куманово. Алсат упати прашања до партијата како ги коментираат актуелните најавени кандидатури, но оттаму не коментираат. Самиот Заев претходно веќе му даде поддршка на Димитар Ковачевски, кој во моментов е заменик-министер за финансии. Рокот за поднесување кандидатури истекува утре, а изборите ќе се одржат на 12 декември.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button