ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Оценувањето на учениците не заврши во предвидениот рок

Многу ученици останаа неоценети и покрај фактот што до 20 ноември, Министерството за образование побара учениците да ги добијат првите оценки за постигнатиот успех од он лајн наставата. Според наставниците, главниот проблем што го попречило оценувањето на учениците е нередовното присуство на часови и недостатокот на опрема за работа. Наставниците дури велат дека оценувањето на учениците не е задоволително затоа што на многу од учениците им помогнале други членови на семејството.

Advertisements

Пречките за вклучување се неизбежни кога зборуваме за проблеми. Има семејства кои немаат пристап, има семејства кои немаат опрема и овој проблем е причина за ненавремено оценување на сите деца чиј краен рок беше 20 ноември. Ова се можностите за проценка и верувам дека нема да се потпреме на ова оценување понатаму. Се надеваме дека ова ќе помине и наскоро ќе се вратиме во училишните клупи“- рече Фиторе Ќирези, наставничка во О.У „7 март“

Покрај оценувањето на учениците, наставниците се жалат и на дополнителна административна работа кога станува збор за пополнување на класичниот и електронскиот дневник.

Верувам дека е премногу. Во време кога сме ангажирани да ги покриеме сите, да ја реализираме планската програма што е редуцирана, дневните проблеми, проблемите со вклучување, нефункционирање на системот и сите овие проблеми, електронскиот дневник е непотребен товар“ – изјави Фиторе Ќирези, наставничка во о.у „7 март“

Од Министерството за образование не одговорија дали ќе го одложат оценувањето на учениците и кога ќе започнат инспекциите од просветниот инспекторат. Неофицијално, Алсат дознава дека во среда, четврток и петок следната недела училиштата ќе бидат посетени од просветни инспектори за да видат одблизу дали е реализиран процесот на онлајн настава, како што предвидува Министерството за образование.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button