ВЕСТИРЕГИОН

Ова се деталите од договорот меѓу Белград и Приштина околу спорот на северот

Во документот што специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, го сподели на твитер се наведува дека двете страни се согласиле за следните точки:

Advertisements

– Специјалните полициски единици кои во моментов се стационирани во Јариње и Брњак ќе почнат да се отстрануваат од блокадата на 2 октомври во 8 часот наутро, до 16 часот. КФОР ќе дојде во Јариње и Брњак во тоа време, и ќе остане околу две недели за да овозможи безбедна средина и слобода на движење – пишува во документот.

Понатаму, се наведува дека од 4 октомври 2021 година, во 8 часот наутро, режимот на налепници, договорен во дијалогот предводен од ЕУ, ќе се применува како привремена мерка додека не се донесе трајно решение.

Како трета точка, се вели дека ќе се формира работна група, составена од претставници на Европската унија, Белград и Приштина, а претседава со ЕУ, со цел да се постигне трајно решение за регистарските таблички што ќе ги почитува практиката и стандардите на ЕУ. Првиот состанок на работнита групи ќе се одржи на 21 октомври во Брисел и во рок од шест месеци треба да се презентира предлог решение.

И претседателот на Србија, Александар Вучиќ, потврди дека е постигнат договор.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button