ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Се шири ли масовно големата кашлица, ова се најновите информации

Состојбата со големата кашлица е под контрола. Не може да кажеме дека е стабилна, бидејќи се уште има пораст на потврдени случаи и во моментот до денес се потврдени вкупно 56 случаи на луѓе заразени со голема кашлица, од кои 46 се од Скопје. Од вкупниот број случаи, 14 се деца под една година, а девет дополнително се на возраст од 1 – 4 години. Шеснаесет се невакцинирани, 12 се некомплетно вакцинирани, изјави денеска претседателот на Комисија на заразни болести Александар Петличковски по состанокот на Комисијата.

-За разлика од последниот пат кога правевме пресек на епидемиолошката состојба сега се појавуваат и адолесценти, деца на возраст 10 до 14 години и повозрасни и веројатно во тек на следните недели ќе има малку промена на оваа демографска структура на позитивните случаи, односно очекуваме кај повозрасните и почесто да се потврдува оваа болест. Но, повторно сакам да потенцирам дека нашата најголема грижа како здравствен систем е спречување на ширењето на инфекцијата кај децата, кај малите деца бидејќи децата до една година возраст се најзасегнати, односно  најризични по однос на оваа болест, рече тој.

Во однос на тоа дали возрасните треба да се ревакцинираат, Петличковски рече дека болеста пертусис за возрасни луѓе не е тешка болест, за неа има достапен лек и нема потреба од страв.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button