ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вака би изгледал распоредот на мандати според резултатите од последната анкета на ИПИС

На претстојните парламентарни избори, кои ќе се одржат на околу два месеца отсега, ВМРО-ДПМНЕ би освоила двојно повеќе пратенички мандати во Собранието во однос на СДСМ. Ова го покажуваат сумираните резултати од анкетата на јавното мислење спроведена од Институтот за политички истражувања Скопје (ИПИС), чиј програмски директор е Владимир Божиновски.

Од анкетните резултати од секоја изборна единица поединечно, кои беа објавени во серија изданија на емисијата „Објектив“ на МРТ 1, согласно Донтовиот модел, направена е симулација на пратеничките мандати што би ги освоиле партиите.

Графички приказ на симулацијата на освоени пратенички мандати според Донтовиот модел според анкетата на ИПИС / Фото: Притскрин

Според симулацијата, најмногубројна пратеничка група по изборите би била ВМРО-ДПМНЕ со 52 до 54 пратеници. Од друга страна, СДСМ би освоила двојно помалку, односно од 26 до 30 пратенички места во парламентот, покажува симулацијата. Од другите партии од македонскиот политички блок, Левица би освоила од пет до шест пратеници, а партијата За наша Македонија (ЗНАМ) на Максим Димитриевски од четири до шест пратеници.

Ситуацијата кај политичките партии на Албанците е следна – Демократската унија за интеграција (ДУИ), според анкетата на ИПИС, би освоила од 14 до 15 пратеници, четирите опозициски партии на Албанците обединети во коалицијата „Вреди“ (доскорашна „Европски сојуз за промени“) би освоиле од 10 до 12 пратенички мандати, а Алијанса за Албанците би имала три пратенички места во парламентот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button