ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Оваа година јуни без цреши

Иако е сезона на црешите, тие станаа луксуз за граѓаните и едвај можат да се најдат на пазарот. На Бит пазар се продаваа само на две – три тезги, а граѓаните беа  изненадени од високата цена.

„Ппроблемот е можеби заради времето што се промени, природата се менува, климата се менува,  нема цреши, интересно. Како се менува климата, се менува и храната, се надеваме дека пак ќе биде како порано. Цените се скапи,  но  и времето, гледаме дека има криза, но поради кризата, платите се ниски, пензиите се ниски, не знам што да кажам веќе“, велат граѓаните.

Продавачите се согласуваат дека побарувачката за цреши е многу висока, но велат дека поради студеното време црешите или доцнат или се оштетени и брзо скапуваат.

„Снабдувањето е слабо, бидејќи времето не е многу добро, така што има мала продажба, нема доволно цреши, но луѓето се заинтересирани. На некои места имате, на други немате, бидејќи времето е многу лошо, така што немаме редовно снабдување“; рекоа продавачите.

Слични ситуации имаше и со јагодите,  одгледувачите велат – бидејќи оваа година времето било премногу студено, тие созреале подоцна, а се плашат дека големата промена на температурите ќе влијае на нивното созревање.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button