ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

По 1000 предмети просечно застаруваат секоја година

Просечно 1.000 судски случаи застаруваат секоја година во сите судови во Македонија. Податоците кои АЛСАТ ги доби од Судскиот совет, покажуваат дека критиките на меѓународната заедница кон судството за застареноста на случаите од висок профил, воопшто не му пречи на овој сектор и феноменот на тивка „амнестија“ на сторителите на разни кривични дела продолжува да биде присутен, вклучувајќи:

„Број на застарени судски предмети во последните 5 години“:

2018 – 478 предмети
2019 – 1162 предмети
2020 – 1033 предмети
2021 – 528 предмети
2022 – 310 предмети

Најчесто, судските случаи поврзани со загрозување на безбедноста во сообраќајот застаруваат. Сепак, слободата денес ја уживаат многу потенцијални сторители на кривични дела како што се за даночно затајување, злоупотреба на службената положба и други.

Во април годинава, АЛСАТ објави писмо со осуда од американската амбасадорка Ангела Агелер, до неколку институции во земјата. Писмото е поврзано со застарувањето на судските случаи.

„Секој ден сум се повеќе и повеќе загрижена и разочарана од големиот број на случаи (од високи профили) што Апелациониот суд ги врати во прв степен за повторно судење. Разбирам дека може да има некои причини за пресврт (враќање на случаите), но зголемувањето на вратените случа, и одложената правда во правните дејствија се чини дека почна да станува пракса. Очигледната неспособност на судовите брзо да ги поминат предметите преку судење во Апелација, и нивното префлување напред и назад помеѓу Апелација и Основниот суд, дополнително ја намалува ниската доверба што јавноста ја има во судовите“, се наведува во писмото од Агелер.

Познати се имињата и презимињата на судиите кои овозможиле застареност на судските предмети, главно оние на поранешното Специјално обвинителство. Но, наместо да ги санкционираат, поранешната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева, беше разрешена, која вети мерки против судиите за кои станува збор.

Феноменот на застареност на судските случаи се споменува и во извештајот на американското Министерство за правда за 2022 година. Неодамна, преку овој „метод“ избегна затвор во некои случаи поранешниот шеф на Тајната полиција, Сашо Мијалков.

Ардит Рамадани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button