СПОРТФУДБАЛ

Пактот Интер – Чалханоглу посилен од огромната понуда на баварците

Играчот од средниот ред Хакан Чалханоглу беше високо на листата на желби на новиот тренер на Баерн, Винсент Компани, но Интер брзо испрати порака дека играчот не е на продажба. Сега сите дилеми ги отстрани и самиот фудбалер.

„По повод неодамнешните гласини кои кружат во медиумите, сакам да ја искористам оваа прилика да се осврнам директно на ситуацијата. Досега се воздржував од коментирање на овие шпекулации бидејќи сум фокусиран на турската репрезентација, каде што сум капитен на ЕВРО 2024. Мислам дека сега е соодветно да дадам јасна изјава за да избегнам понатамошни недоразбирања. Односот што го делам со клубот и нашите неверојатни навивачи е навистина посебен и возбуден сум што во иднина ќе освојам уште повеќе трофеи со Интер. Уште еднаш, во моментов сум целосно фокусиран на тоа да ги усреќам луѓето од мојата земја. Ви благодарам за разбирањето и поддршката. Форца Интер“, истакна Чалханоглу.

 

Интер го доведе Чалханоглу од градскиот ривал Милан во 2021 година без обештетување, па имаше можност да заработи од трансферот 50 или 60 милиони евра, но неговиот придонес на теренот е многу важен за тимот на Симоне Инзаги, поради што веднаш беше отфрлена идејата за продажба на клучниот играч.

Чалханоглу има договор до 2027 година и е еден од најважните играчи во тимот на Симоне Инзаги. Хакан е роден во Германија и таму ја започна својата професионална кариера.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button