СПОРТ

Палестински спортисти на Олимписките игри во Париз, дури и ако не се квалификуваат

Шест до осум палестински спортисти се очекува да се натпреваруваат на Олимписките игри во Париз, а некои ќе бидат поканети од Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) дури и ако не се квалификуваат, најави првиот човеек на олимпиското движење Томас Бах.

Бах изјави дека ИОК „јасно се обврза“ дека Палестинците ќе бидат поканети дури и ако не се квалификуваат за игрите, кои започнуваат на 26 јули. Тој вети дека церемонијата на отворањето на игрите во Париз на реката Сена ќе биде „незаборавна“, и покрај постојаната загриженост за безбедноста на речната парада на отворено.

„Крајно професионалниот пристап на француските власти ја зајакнува довербата дека можеме да ја одржиме оваа церемонија на отворање на Сена и дека оваа церемонија на отворање ќе биде незаборавна за спортистите и сите ќе бидат безбедни“, порача Бах.

Огромно амбициозната церемонија за отворање закажана за 26 јули останува една од најголемите загатки околу Олимпијадата во Париз. Наместо традиционалната парада на атлетскиот стадион, тимовите ќе пловат по реката Сена во чамци пред околу 500.000 гледачи, меѓу кои и луѓе кои ќе гледаат од околните згради.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button