СПОРТФУДБАЛ

Порто, после 42 години има нов претседател!

Поранешниот европски шампион, Порто, во саботата доцна навечер доби нов претседател  – Андре Виљаш Боаш! Поранешниот тренер на тимот од „Драгао“, освојувачот на Лига Европа со овој клуб и човекот кој подоцна ги водеше Челзи, Тотенхем, Зенит и Олимпик Марсеј, на почетокот на годината се одлучи на ваков потег, што не беше премногу големо изненадување, бидејќи тоа го најави уште од поодамна.

Со тоа Вилаш-Боаш стави крај на 42-одишното владеење на Хорхе Пинто да Кошта. Славниот претседател на Порто има 86 години и е човекот кој најдолго во историјата е на чело на фудбалски клуб. Покрај тоа, со Порто освои 68 трофеи, што го издвојува во фудбалскиот свет. Ниту овие избори не поминаа без контроверзии, бидејќи Вилаш-Боаш претходните денови беше соочен со заплашување, но убедливо го совлада главниот противник.

Она што сега е важно да се истакне е дека новиот договор до 2028 година што актуелниот тренер Серхио Консеисао го потпиша со Порто пред неколку дена е неважечки! Тој ќе важеше само доколку Пинто да Кошта добиеше нов мандат, па Виљаш Боаш ќе одлучува за судбината на актуелниот стратег на Порто.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button