ВЕСТИРЕГИОН

Палмер по Приштина на разговори во Белград

Заменик помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Балканот Метју Палмер престојува во Белград, каде што во наредните неколку дена ќе има средби со српскиот врв и претставници на опозицијата и граѓанскиот сектор. Според најавите, Палмер денеска ќе се сретне одделно со премиерката Ана Брнабиќ, со шефот на дипломатијата Никола Селаковиќ и со претседателот на Србија Александар Вучиќ. Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог во Белград, Мирослав Лајчак, исто така, ќе учествува во разговорите со Селаковиќ и Вучиќ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button