ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Панчевски бара да биде ослободен за Акмис системите

Екс – шефот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, по вторпат побара од Апелациониот суд да биде ослободен за случајот со АКМИС системите. Се пожали дека доживеал психичка тортура и тврдеше дека предметот против него е конструиран во кој нема умисла, последица ниту оштетени. Вишото обвинителство пак не се согласува со него и побара од Апелација да ја потврдат пресудата од три и пол години затвор. Според обвинителството, од велешкиот суд нема суштински повреди во постапката што е основ за укинување на пресудата. Панчевски е обвинет дека како претседател на скопскиот кривичен суд делел на рака судски предмети на подобни судии, наместо тие да бидат распределени по автоматскиот АКМИС Систем.