ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Комисијата за заразни болести најави укинување на некои мерки

Комисијата за заразни болести на денешната прес конференција најави дека ќе предложи укинување на обврската за носење на заштитни маски во затворен простор.

Од оваа мерка исклучок се здравствените установи, аптеките, домовите за стари лица и јавниот превоз. За овие четири затворени објекти останува задолжителното носење маски. Маските во сите останати простории може да се носат само по желба на граѓаните, но задолжително носење не се практикува веќе.

Втората мерка која ја предлагаат се однесува на следење на контакти.

-Се укинува епидемиолошкото следење на контактите и изолацијата на контактите. Ја проценуваме епидемиолошката состојба и предлагаме постепено олабавување на мерките, посочија од Комисијата.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button