МАКЕДОНИЈА

Пандемијата затвори многу дуќани во скопската Стара Чаршија

Ова е ситуацијата на занаетчиите на чаршијата. Нивните проблеми најдобро ги одразуваат затворените продавници на главните улици во Старата чаршија, феномен што речиси никогаш не се случил. Но, занаетчиите се најзагрижени поради тоа што до денеска ниту една државна институција не се заинтересирала за нивната состојба.

Занаетчиите се жалат дека немањето работа поради пандемијата го загрозува нивното постоење.

Тешко можеме да преживееме, работата падна за 70-80% кај сите занаетчии во чаршија. Нема младина, нема народ, нема движење по чаршијата.

Никој не дојде да нè праша како се чувствуваме, никој не праша дали ни треба помош или да преземат какви било мерки, барем малку да ни помогнат оваа година со покривање на државните даноци. Многу занаети ги нема, еве еден кој изработува гитари и музички инструменти и тој е пред затворање. И овие преостанати кројачи исто така исчезнуваат.

„Сега, кога дојдовме до кризава со ковид, ова стана многу поочигледно, се бориме за егзистенција, се бориме да не ги затвориме продавниците. Ако Владата не стори нешто Владата, верувам дека Чаршијата полека ќе почне да ги затвора своите продавници, луѓето се во последната егзистенцијална фаза и гледам дека многу луѓе размислуваат да затворат продавници и не можат да ги задржат. Особено оние кои плаќаат кирија.“

Пандемијата негативно се одразува и врз другите деловни активности во чаршијата и околу неа каде што се многу локали се даваат под кирија или се продаваат.

Mefail Ismaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button