ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Парите од Министерството за финансии ја „раскара“ ДИК

Членовите на ДИК поделени по барањето до Министерството за финансии за обезбедување средства за набавка на терминали потребни за локалните избори. Претседателот Александар Даштевски бара вклучување на повисоки тела, не исклучувајќи донации од странство. Даштевски вели дека постапката за набавка на терминали треба да заврши навреме, бидејќи треба да се обезбедат и софтвери, да се едуцираат членовите и да се поведат кампањи за подигање на свеста. Барањето за распределба на средства е испратено пред две недели.

 

Но, потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху бара разбирање за постапките на Министерството за финансии, кое според неа, ќе одговори позитивно во роковите предвидени со закон. Шеху вели дека барањето на ДИК било испратено пред само четири дена.

 „Мислам дека треба да почекаме бидејќи поминаа само четири дена откако побаравме итна помош од Министерството за финансии. Тие имаат Закон за општа управна постапка што ги условува во кој рок да одговорат. Тие не го прекршија рокот.“, рече Дитмире Шеху, Потпретседателка на ДИК.

Од Министерството за финансии денеска немаа коментар. Електронската евиденција на биометриските лични документи и идентификацијата на гласачот преку отпечатоци од прсти се дел од измените во Изборниот законик кои беа донесени лани. Опозицијата ја обвинува власта дека стравува од избори со биометриска идентификација затоа што, според нив, со таа можност се избегнуваат изборните манипулации.

 

Adrian Kerimi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button