ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО книжи и пратенички и граѓански потписи против пописот, ама Заев не се премислува

ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од обидот за укинување на пописот. Еден ден откако Собранието им го врати предлогот за покренување граѓанска иницијатива за собирање потписи за укинување на Законот за попис, опозициската партија најавува друга операција.

Ден претходно, Собранието го врати предлогот на опозицијата поради, како што беше наведено во образложението на спикерот, формални пропусти. Според власта, пописот треба да се случи. Премиерот Заев вели дека неговото одложување нема да донесе никаква разлика.

ВМРО-ДПМНЕ досега даде неколку идеи, барајќи попис во април следната година, електронски попис или попис со земање на отпечатоци од прстите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button