ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во ВМРО-ДПМНЕ иницијатива за вонреден конгрес за смена на Мицкоски

Од иницијативниот совет за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека обезбедиле поддршка од мнозинството партиски делегати за вонреден конгрес на 28 март. Од оваа иницијатива веќе подолго време го критикуваат претседателот Христијан Мицкоски.

 

Иницијативен совет за вонреден конгрес:

„Иницијативниот совет за вонреден конгрес успеа да обезбеди поддршка и потписи од мнозинството делегати кои учествуваа во изборот на сегашниот претседател, Христијан Мицкоски. Делегатите кои ни се придружија се едногласни дека Мицкоски ги изневерил очекувањата и оти не исполнил ниту едно дадено ветување за да ја врати партијата на вистинскиот пат, да го зголеми коалицискиот капацитет и да обезбеди меѓународна поддршка.“

Но, според актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, иницијаторите се луѓе кои долго време политички се дистанцирале од партијата, а оти сега, како што вели Антонио Милошоски, ѝ служат на власта.

Пред извесно време, Централниот комитет на партијата го одби барањето на Мицкоски за вонреден конгрес, на кој тој повторно би се кандидирал. Иницијаторите за вонредниот конгрес пак, велат дека Мицкоски тогаш требало да си поднесе оставка.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button