ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Партиите без договор за новите изборни правила

Времето за промени во изборниот законик се стеснува а партиите не ги менуваат ставовите. ВМРО ДПМНЕ- бара градоначалникот да биде избран во прв круг. СДСМ и албанската опозиција се за отворени листи, додека неофицијално партијата на Ахмети е против отворените листи на локалните избори во октомври.

Advertisements

 

„Политичките партии можат декларативно да дадат поддршка, но кога ќе дојде време за дискусии, тие условуваат. На пример, тие го условуваат отворањето на гласачките листи со нивното барање за  праг или со условот за една изборна единица. Но, ние како партија отворено кажуваме дури и на затворени состаноци дека сме заинтересирани да имаме отворени листи на локалните и парламентарните избори”, рече Елми Азири, пратеник на коалицијата АА-Алтернатива.

„Преговорите сè уште траат, за неколку дена овие разговори меѓу политичките партии ќе треба да бидат завршени и ќе треба да резултираат со конкретен предлог. Ќе има измени и дополнувања на изборниот законик затоа што треба да бидат вметнати препораките на ОБСЕ-ОДИХР, но и покрај тоа, дали овие прашања што ги поставувате исто така ќе бидат инкорпорирани, останува да видиме”, изјави Арбер Адеми, пратеник на ДУИ.

Работните групи се активни, но сè уште немаат доставено заеднички предлог до Собранието. Доколку не се постигне консензус, локалните избори наесен ќе се организираат со сегашниот изборен модел, и покрај барањето на јавноста, граѓаните да можат да гласаат на отворени листи за градоначалници и општински советници.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button