ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Партиите без коментар за можноста – локални избори и попис во ист период

Можниот датум за одржувањето на локалните избори сè уште не е познат, иако неофицијално се споменува 17 октомври. Меѓутоа, политичките партии велат дека не разговарале за ова прашање, ниту во рамките на нивните тела, ниту во меѓупартиските разговори. Според СДСМ, договорот меѓу Заев и Мицкоски е во сила, а тоа значи изборите да се одржат во втората половина на октомври и за тоа ќе биде донесена одлука со консензус. Во втората половина на октомври има три недели, 17, 24 и 31 октомври. Од ВМРО-ДПМНЕ не го коментираат 17 октомври како можен датум за првиот круг и 31 октомври за вториот.

Advertisements

„Ќе почекаме да се официјализира можниот датум за изборите. Постојат институции на системот кои се грижат за спроведување на Изборниот законик, како што се ДИК и претседателот на Собранието. Тие треба да ги објават. Ќе почекаме тоа да се формализира за да можеме да артикулираме конкретен став за ова прашање“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Политичките партии беа прашани и за можното совпаѓање на деновите на кампањата со пописот и колку еден таков процес може да влијае врз ефикасноста на другиот. Ниту на ова прашање не одговорија.

Пописот, заснован на политичкиот договор е одложен за деновите меѓу 5-тти и 30-тти септември. Поради тоа се поместија и локалните избори и тоа за втората половина на октомври. Меѓутоа, ако се одржат на 17 октомври, првите денови од изборната кампања ќе се совпаднат со последните денови од пописот.
Мандатот на некои градоначалници и општински совети завршува во октомври и почетокот на ноември. Крајниот датум на мандатот варира за секој градоначалник и совет во зависност од датумот кога им биле верификувани нивните мандати при изборите во 2017 година.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button