ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Партиите не сакаат да се мешаат во загорената манџа на ДУИ

Од владејачката партија од владината коалиција одбиваат директно да коментираат за случувањата во ДУИ. СДСМ смета дека и покрај судирите кои ја засегаат и пратеничката група на ДУИ, парламентарното мнозинство е стабилно.

Внатрешните конфликти во ДУИ се нормална појава во партија која не успеала навреме да се реформира, оценува другиот партнер во владата, Алтернатива. Ние ја поминавме таа болест и знаеме каква штета носат таквите пукнатини, велат од партијата на Африм Гаши.

„Сепак, ова нема никаква врска со Алтернатива и ние го продолжуваме нашиот пат, фокусирани на задачите што си ги поставивме. Што се однесува до делот од парламентарното мнозинство, сметаме дека нема никаков проблем. Продолжува да биде стабилен, па дури, како што може да се види од изјавите на другите партии и пратеници, има и пратеници и партии кои едвај чекаат да добијат покана да се приклучат на ова мнозинство“, наведуваат од Алтернатива.

Но, во албанската опозиција во овие случувања гледаат нешто посериозно. Арбен Таравари дури очекува распад на ДУИ.

„До вчера мислев дека станува збор за само уште една епизода од филмот што го гледавме, но мислам дека е многу подлабоко од тоа. Ќе почекаме. Не сакаме да навлегуваме и да коментираме за случувањата во другите политички партии, но мислам дека полека се случува распад на ДУИ. Но, да видиме, времето нека ги каже сите настани до крај“, рече Арбен Таравари, в.д. претседател на Алијанса за Албанците.

Од ВМРО-ДПМНЕ засега не ги коментираат случувањата во ДУИ.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button