ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Партиите од Европски сојуз за промени формираа пратеничка група

Пратеници од партиите Демократско движење, Движењето Беса и Алтернатива кои се дел од коалицијата Европскиот сојуз за промени од денеска ќе делуваат во една пратеничка група, чиј координатор ќе биде пратеничката Сафије Садики Шаини.

Advertisements

Во групата има шест пратеници и како што рече Гаши отворени се за сите пратеници што сакаат да им се приклучат.

-По формализирањето на коалицијата нашиот сојуз денеска одлучи да го сплоти пратениците во една пратеничка група. Во духот на одлуката на нашите партиски органи денеска поднесовме до претседателот на Собранието известување дека отсега ќе имаме заедничка пратеничка група, рече на прес-конференција во Собранието лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.

На овој начин, истакна Гаши, Европскиот сојуз за промена цели да ги искористи сите можности што ги дава Собранието за делување на пратеничките групи.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button