МАКЕДОНИЈА

Партиите се караат, законите во Парламентот „дремат“ во фиоки

Недостатокот на консензус меѓу власта и опозиција во Собранието со месеци ги одолговлекува предлог-законите. На дебата во емисијата „Патот кон…“, власта и опозицијата меѓусебно се обвинува за игнорирање на волјата на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека за време на процесуирањето на законите власта не ги почитува ниту Деловникот, ниту Уставот. СДСМ ги обвинува пратениците од опозицијата дека дошле во Собранието за да блокираат закони. Албанската опозиција ја обвинува ДУИ за небрежност во предлог-законот за државјанство.

„Вие само зборувате и не правите ништо. Само декларативно велите – да. Проблемите не се решаваат со зборување, туку со конкретни активности“, изјави Аднан Незири, АА-ААА.

„Ние го поддржуваме законот за државјанство. Тој првично беше блокиран од ВМРО-ДПМНЕ. Вие сте во разговори. Постојат 547 амандмани кои не се читаат и повторно велите дека ДУИ е виновна“, рече Вјолца Адеми, ДУИ.

На дебатата се дискутираше и за блокирањето на предлогот на опозицијата за заштита на населението од заразни болести, како и за предлогот на владата за новиот клинички центар.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button