ВЕСТИСВЕТ

Партијата на Борис Џонсон го загуби водството поради забавите за време на заклучувањето

Џонсон во средата воведе нови ограничувања за пандемијата на корона вирусот во Англија, само неколку часа откако се извини за видеото на кое се гледа како персоналот се смее и се шегува на забавата на Даунинг стрит за Божиќ 2020 година, кога таквите прослави беа забранети.

Конзервативците на британскиот премиер Борис Џонсон ја загубија предноста, според анкетите, во однос на опозициската Лабуристичка партија, откако откритието за наводните забави во резиденцијата на Џонсон за време на карантинот предизвика бран огорченост.

Анкетата на Тајмс покажа дека конзервативците на Џонсон изгубиле 3 отсто од поддршката од 2 декември и паднале на 33 отсто од гласовите, додека лабуристите имаат 4 отсто повеќе – 37 отсто од гласовите, пренесува Ројтерс.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button