Партиски реакции за првата меѓувладина конфереција

Претставниците на политичките партии во земјава со реакции по официјалниот почеток на преговорите. ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со претставниците на власта дека ова е историски настан, нарекувајќи го уште манипулација на оваа власт. Антониjо Милошоски нагласува дека доказ за тоа е фактот што по враќањето од Брисел, владините претставници слават приватно, наместо да слават на плоштад со сите граѓани.
Албанската опозициска партија се радува на одржувањето на првата меѓувладина средба во Брисел. Првиот човек на Алијансата за Албанците, Зиадин Села, им честита на граѓаните и нагласува дека само со членство во ЕУ може да има реформа на системот.
„Отворањето на преговорите и членството во Европската Унија се од витално значење за Северна Македонија и единствената надеж за реформа на системот, борбата против криминалот и корупцијата, владеењето на правото, еднаквост на граѓаните и народите, како и подобрување на животниот стандард и економскиот развој на земјата“, вели Села.
Од Социјалдемократскиот сојуз им честитаа на граѓаните и ги уверуваат дека македонскиот јазик е заштитен. Мартин Костовски рече дека денеска пропаднале сите лаги што досега ги слушнале од Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ.
Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, на сите граѓани им го честита почетокот на преговорите, нагласувајќи дека членството во ЕУ дава јасна перспектива и безбедност во земјата и регионот.
“Ја користам приликата на сите наши граѓани да им го честитам почетокот на преговорите за членство во Европската Унија, со што ќе се обезбеди јасна перспектива, безбедност во земјата, регионот и пошироко, повисока благосостојба, размислувајќи на тој начин за идните генерации“, порача Ахмети.
Првиот човек на Алтернатива, Гаши, напиша дека партијата што ја предводи била клучот за стабилноста на оваа влада за да може да се дојде до датум за почеток на преговорите.
„Затоа денес, кога придонесот на Алтернативата излегува на виделина, како со политичко дејствување го отвори патот за две држави и многу народи, би сакал да им се заблагодарам на сите оние кои веруваа во нас дека сме направиле правилно решение“, напиша Гаши.
Северна Македонија денеска ја одржа првата меѓувладина конференција со ЕУ, на која официјално започна процесот на преговори за членство во Унијата, и скринингот од страна на европските експерти. Отворањето на првото поглавје ќе се случи по уставните измени.
Ајнур Бафќари