ЕКОНОМИЈА

Предлозите на ВМРО за намалување на акцизите и ДДВ-то на храната не поминаа во Собранието

Предложените закони на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на стапката на ДДВ за храна од пет на нула отсто, како и намалување на акцизите на горивата од 18 на пет отсто до крајот на годината, не добија зелено светло од парламентарното мнозинство. Гласовите на опозицијата беа недоволни да поминат и да се усвојат овие два закони. Овие два закони ВМРО-ДПМНЕ ги поднесува по четврти пат, и исто толку пати се одбивани од пратениците на власта.

„Горивата ќе паднеа за 25 денари за литар, а пак прехранбените производи ќе паднеа од 10 до 15 проценти. Односно, немаше да има потреба кога ќе влезевте во маркет за две или за три илјади денари да купувате само неколку производи а порано за тие пари сте ги полнеле корпите“, рече Бојан Стојановски -ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button