ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Пратениците го усвоија ребалансот на буџетот

Пратениците го донесоа ребалансот на буџетот, со прифаќање на десетина амандмани кои ги предложија пратениците на власта и на опозицијата. Со ребалансот на буџетот се обезбедија дополнителни средства за во здравството, за проекти во животната средина како што е депонијата во Југохром, за изградба на патишта, чистење на речни корита, санирање на мостови, кружни текови. Пратениците сепак не обезбедија пари за повисоки плати во јавниот сектор.

Во ова прекројување на државната каса, пратениците од парламентарното мнозинство не го прифатија предлог амандманот на ССМ за зголемување на на платите во јавниот сектор од 2800 денари, и за регрес за годишен одмор кој би се движел од 30 до 100 отсто од висината на просечната плата.

Со носењето на ребалансот се скратија капиталните инвестиции, за околу шест милијарди денари во однос на планираните на почетокот на годинава. Сега Владата планира да собере речиси 246 милијарди денари или три отсто повеќе од првичниот план за 2022 година, и да потроши 288 милијарди денари. العاب وجوائز مالية حقيقية Тоа значи дека дупката во државната каса изнесува близу 43 милијарди денари, односно толку пари недостасуваа а се планирани да се потрошат преку ветени проекти. روليت عربي Тие ќе бидат обезбедени со нови задолжувања. Од собраниската говорница пратеничката на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска изјави дека нема да гласаат против носењето на ребалансот.

„Не се прифатија многу амандмани за Прилеп, за Битола за Охрид, за Скопје, за Тетово, за Гостивар. betfinal بالعربي Не се прифатија амандмани од ресорот култура, ниту од образование, здравство, спорт. За стоматолозите не се прифати не знам по кој пат ветениот покачен бод. Сите ветувања на СДСМ паднаа во вода“, рече Дафина Стојановска, ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, беа поднесени 204 амандмани, од кои над 170 на ВМРО-ДПМНЕ, 28 на Алијанса на Албанците и два на СДСМ. Носењето на овој ребаланс на буџетот се одолговлечи поради дебатата во собранието за францускиот предлог.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button