ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пациентите болни од рак останаа без терапија

Неколкумесечениот недостигот на терапии против  рак, на Клиниката за онкологија во Скопје, ги зголеми сомнежите на истражните органи дека има злоупотреби. Иако планираниот годишен буџет е навреме доделен, Фондот за здравствено осигурување им одобри и дополнителен буџет од околу 5,5 милиони евра, за нов тендер за лекови кои недостигаат за последните три месеци од 2022 година. По набавката на нови терапии, ходниците на Клиниката за онкологија се преполни со пациенти, пишува Алсат.

Advertisements

Пациентите се жалат дека во периодот кога не примале редовни терапии  имале здравствени потешкотии. Некои од нив велат  дека биле принудени да купуваат лекови приватно во аптеките.

Според официјалните податоци, од 856 милиони денари од годишниот буџет на Клиниката за онкологија, речиси половина или 406 милиони денари се трошат само за биолошки терапии што болницата ги купува на тендери. Дополнително, клиниката троши 220 милиони денари годишно за терапии од позитивната листа. Од дирекцијата бараат зголемување на општиот буџет за 40% бидејќи велат дека парите не им се доволни./Алсат.мк

 

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button