МАКЕДОНИЈА

Патувања без ПЦР тест само во Косово, за Србија, Црна Гора и БиХ останува обврската

Македонските државјани можат да патуваат во Косово без приложување негативен ПЦР тест, додека таа обврска останува и понатаму за влез во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина,, откако Владата синоќа поради новонастаната епидемиолошка состојба ја ревидираше одлуката донесена во понеделнкот со која трребаше да се отворат ганиците со сите четири земји

-Владата на Република Северна Македонија ги информира граѓаните дека согласно влошувањето на состојбата со КОВИД-19 пандемијата во регионот и големиот број на нови позитивни случаи, влезот на македонски граѓани во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина нема да биде дозволен без приложување негативен ПЦР тест кој не е постар од 48 часа од моментот на влез во овие земји. Можноста за влез на македонски државјани во Косово без ПЦР тест останува, но Владата апелира до граѓаните да не патуваат надвор од земјата доколку немаат неодложна потреба за тоа, стои во соопштението.

Воедно, се посочува дека Владата и здравствените власти, согласно новонастанатата епидемилошка состојба во регионот, во деновите кои следат ќе ја ревидираат одлуката за влез на државјани на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина во Северна Македонија, без ПЦР тест.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button