ВЕСТИЗДРАВСТВОСВЕТ

Пекинг сака да го избегне шангајското сценарио- затворени метро и автобуски станици

Пекинг затвори 40 станици на метрото или десет отсто од градската подземна сообраќајна мрежа, како и многу автобуски линии, во обид да го запре ширењето на коронавирусот и да го избегне сценариото во Шангај каде што милиони жители се во карантин повеќе од еден месец.

Откажани се 158 автобуски линии, а повеќето од нив се релации што водат кон реонот Чаојанг, инаку жариштето на ковид-19 во Пекинг. Со неколку десетици нови случаи дневно Пекинг се обидува да избегне целосно заклучување, на начин како што на почетокот се обидуваа и градските власти во Шангај.

Во главниот град од 22 милиони жители се затворени училишта и бројни компании, како и станбени згради во области со висок ризик, додека многу луѓе складираат основни продукти во случај на целосно затворање.

Второто од трите планирани масовни тестирања се спроведува во 12 од 16-те области во Пекинг.

Во Шангај засега не се надѕира крајот на карантинот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button