ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Без јасна европска перспектива евроскептицизмот ќе биде во пораст

Во отсуство на јасна европска перспектива евроскептицизмот ќе продолжи да расте, рече претседателот на државата, Стево Пендаровски, на заедничката прес конференција со неговиот австриски колега Александар ван дер Белен. Како што додаде Пендаровски, тоа ќе биде и сигнал за некои други сили кои работат спротивно на европските вредности.

„Австрија, како докажан пријател на регионот има значајна улога во форсирањето на политиката на проширување на ЕУ со земјите од Западниот Балкан, а во тие рамки оваа посета на австрискиот претседател укажува и на ургентноста на македонското европско досие. Се согласивме дека во отсуство на јасна европска перспектива евроскептицизмот ќе продолжи да расте и сигурно ќе биде сигнал за некои други сили кои работат спротивно на европските вредности“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button