ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пендаровски: ЕУ првпат реагираше за злоупотреба на европското знаменце за Законот за игри на среќа

За измените на Кривичниот законик имаше јасна европска Директива за конфискација на имот стекнат со криминал. Имено, во тој дел, измените на Законикот се усогласени со европската Директива за замрзнување и конфискација на предмети и имотна корист, која освен казната затвор, фокусот го става на одземањето на имотната корист од сторителите на овие кривични дела вели претседателот Стево Пендаровски.

– Никогаш, за ниту еден закон, Европската унија писмено не реагирала да не се злоупотребува европското знаменце пред воопшто тој закон да биде донесен, како што ЕУ постапи сега, во овој случај, во однос на Законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри. Дописот во кој јасно се назначува дека не е почитувана процедурата, односно писмото од Европската Унија пред да биде испратено до Претседателот, е исто така испратено и до Владата и до Собранието. Вицепремиерот Артан Груби како и сите членови на Владата би требало да се запознаени со овој допис, се вели во соопштението од Кабинетот на Пендаровски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button