ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пендаровски: И да се формира политичка влада во Бугарија спорот нема да се реши за 24 часа

Шефот на државата, Стево Пендаровски, во вечерашната емисија „360 степени“ зборуваше и за отворените прашања што земјава ги има со Бугарија.

Advertisements

Прашан дали отсуството на политичка влада во Бугарија е единствениот проблем зошто спорот не се надминува, Пендаровски вели дека тоа не е точно.

„Знаете дека не е така. Прво не знаеме кој ќе биде во новата влада. Самиот чин на правење политичка влада нема да гарантира дека ќе го решиме проблемот за 24 часа. Не знаеме кој ќе влезе. Од овие што се претенденти да влезат дури и новите партии кои се појавија последниве месеци може да бидат дел, дури и да предводат за влада, а нивните ставови се непроменети во однос на таа декларација изгласана во бугарскиот парламент за позициите на нивната поранешна влада“, вели Пендаровски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button