ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пендаровски и Заев нема да попуштаат за македонскиот јазик и идентитетот

Претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев јасно ставија до знаење дека со Бугарија не се преговара за јазикот и идентитетот. Тие го негираа текстот на Политико, каде се наведуваше дека бугарската страна е подготвена на компромис и дека на амбасадорско ниво во Брисел е постигнат договор Бугарија да не ја блокира меѓувладината конференција на Македонија со ЕУ доколку Скопје признае дека македонскиот идентитет е создаден врз основа на бугарскиот. Во меѓувреме, и поранешниот шведски премиер Карл Билд на својот профил на Твитер напиша дека ЕУ-дипломатите го деблокирале патот на Македонија кон ЕУ.

Заев повтори дека нема да биде потпишан нов договор или  анекс со Бугарија.

Без да даде повеќе детали, премиерот Заев рече дека работните групи работат со голем интензитет и постигнале договори за пет историски личности и три периоди од историјата на двете земји. Овие ставови Пендаровски и Заев ги изразија по заседавањето на  Советот за безбедност.

Mefail Ismaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button