ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Имав мандат без корупциска афера, непотизам и судир на интереси

Мандат без никаква корупциска афера, непотизам, судир на интереси и без поделби по етничка основа, се дел од причините кои претседателот Стево Пендаровски ги наведе како мотив да се кандидира по втор пат. Пендаровски најави граѓанска кандидатура и ги повика граѓаните да се потпишат во канцелариите на ДИК од 3 март. Тој додаде дека во својот мандат докажал дека „претседателот може да биде независен од кој било центар на економска или политичка моќ во државата, вклучително и од оние кои го поддржаа на изборите“.

Advertisements

На прашањето дали очекува поддршка од за ДУИ евентуално во вториот круг, по судирот околу законот за коцкање, Пендаровски вели дека голем број Албанци гласале  за него и на претходните избори.

Претседателот, според Пендаровски, треба да продолжи да се избира на непосредни избори за да биде независна институција,

Поддршката на СДСМ за Пендаровски се очекува да биде официјализирана на Конгресот на оваа партија што ќе се одржи в недела.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button