ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Трајковски: Ги повикувам трговците на општествена одговорност

Загарантираните цени и денеска стоеја во некои маркети, но цените се променија по завршувањето на мерките за ограничување на профитната маржа на прехранбените производи и пијалоците. Трговците и добавувачите се чини дека едвај чекаа да ги зголемат цените. Дел од граѓаните велат дека се уште не забележале драстични промени, но и дека цените на основните прехранбени производи се покачиле за неколку денари.

Од Државниот пазарен инспекторат рекоа дека континуирано вршат контроли и надзор. Директорот Горан Трајковски вели дека резултите од контролите ќе ги каже откако завршат сите проверки кои интензивно се вршат деновиве. Инспекторатот вчера изврши проверки во сите големи трговски ланци во Македонија, при што е откриено дека пред полноќ се сменети цените и на полиците и во електронскиот систем за плаќање. Тие како институција немаат надлежност да влијаат на формирањето на пазарната цена.

Засега не се знае колку дена ќе поминат додека новиот закон за нефер трговска практика ги помине сите собраниски филтри, бидејќи за прво читање, закнот се уште не е ставен на дневен ред на пленарната седница во Собранието. Со усвојување на овој закон, на добавувачите и трговците ќе им се ограничи профитната маржа и таа нема да биде поголема од 10%. Овие мерки следуваат откако беа злоупотребени актуелните закони и се зголемија цените со манипулативни профити од 35-70% повисоки од реалните.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button