МАКЕДОНИЈА

Пендаровски за законот за плати: Не е долгорочно решение

Измените на 6-те закони за плати на државните службеници, откако беа одобрени во Собранието, беа потпишани и од претседателот. Сепак, Стево Пендаровски рече дека ова не е долгорочно решение бидејќи секогаш како основа се зема просечната плата, која секогаш кога се зголемува, ќе ја зголемува и платата на функционерите, иако со коефициент намален за половина поен. Пендаровски рече дека со одобрувањето на законите покачувањето на платите нема да запре туку ќе го следи напредокот на просечната плата.

За 200 директори именувани директно од Владата, зголемувањето на платите ќе треба да им се ограничи со одлука на Владата. Со усвојувањето на измените на 6-те закони, коефициентите за покачување на платите на функциоенрите се намалува за половина бод .

Со овие законски измени, коефициентот за плата на претседателот, собранискиот спикер и шефот на Владата од 4,5, a се намали на 3,92. Се намали и коефициентот за плата и на претседателот на Уставниот суд и на потпретседателот на Собранието и на заменик-претседателот на Владата од 4,0 на 3,48.

Коефициентот за плати на членовите на Владата, претседател на работното тело на Собранието, претседателот на Врховниот суд, Уставниот суд, Јавниот обвинител, гувернерот на Народната банка, Државниот правобранител, секретар на Собранието и на Владата, од 3,70 се намалува на 3, 22. Се намали коефициентот за плати и на замениците министри и на градоначалниците на општините.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button