МАКЕДОНИЈА

Пендаровски – Лајчак: С. Македонија е подготвена да ги почне пристапните преговори

Северна Македонија е подготвена да ги почне пристапните преговори со ЕУ за кои се очекува формален почеток за време на германското претседателство, истакнал претседателот Стево Пендаровски на денешната средба со Мирослав Лајчак, специјален претставник на Европската Унија за дијалогот Белград – Приштина и други прашања за Западен Балкан на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2020” во Братислава.

Како што се наведува во соопштението од Кабинетот на Пендаровски, специјалниот претставник Лајчак посочи на Северна Македонија како исклучително позитивен пример во регионот истакнувајќи го многу значајниот напредок постигнат во изминатите години.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button