Пендаровски на митинг во Куманово

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски на вчерашниот митинг во Куманово рече дека противкандидатката Гордана Силјановска Давкова најверојатно била искарана во партијата што ја кандидира. Тој истакна дека Давкова во телевизиско интервју, како што вели, отишла контра наративот што ВМРО-ДПМНЕ две години го пласира во јавноста. Според него, Силјановска Давкова го потврдила фактот дека историските прашања не се предуслов за влез во Европската Унија.
„Со таа изјава противкандидатката им ја собори целокупната политичка стратегија градена две години наназад. Значи, две, две и пол години 24/7 само тоа ни кажуваат, дека мораме да ја прифатиме комплетно бугарската историја за да влеземе во Европа. Госпоѓата јасно и прецизно вели дека историјата не е предуслов да станете членка на ЕУ. Претпоставувам дека ја критикувале после таа изјава во партијата која дава поддршка ама таа е нивен избор“, рече Пендаровски.