Пендаровски: Нашите очекувања се насочени кон одржување на првата Меѓувладина конференција

Нашите очекувања се насочени кон одржување на првата Меѓувладина конференција што ќе го означи и официјалниот почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, со што ќе имаме можност да ја потврдиме нашата подготвеност за придвижување кон европската интеграција, рече денеска претседателот Стево Пендаровски на церемонијата на која ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Молдавија во земјава, Анатол Чебук, со седиште во Софија.
Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, ги нагласи пријателските односи меѓу двете земји кои се карактеризираат со заемни заложби за нивно збогатување во сите области од заемен интерес.
-Ги цениме заложбата и интересот за соработка во делот на евроинтегративните процеси и остварување на европските аспирации за полноправно членство во Европската Унија, како стратешки приоритети на нашите земји, дополни Пендаровски.