ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Немаме добиено француски предлог

Претседателот Стево Пендаровски на заедничката прес конференција со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, рече дека до моментот во земјава нема пристигнато француски предлог за надминување на спорот со Софија. Воедно, Пендаровски додаде дека не сака да ги коментира случувањата на политичката сцена во Бугарија, бидејќи, како што кажа, тоа било внатрешна работа на Софија.

„Ние во Скопје, тука, немаме видено француски предлог. Ние разговараме со нашите бугарски колеги и за тие разговори сте информирани од МНР. Немам никаква намера да коментирам што се случува во Софија, тоа е нивна внатрешна политичка динамика. Ние со нашите бугарски колеги разговараме во рамки на дијалогот кој го имаме месеци и месеци наназад“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button