ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Никаде во Договорот нема дел кој вели дека треба да дебатираме за етничкото потекло и јазикот

Претседателот Стево Пендаровски оценува дека бугарските барања се спротивни на европските вредности и оти воопшто не се содржани во Договорот за добрососедство потпишан во 2017 година.

Advertisements

Во интервју за австриската ORF TV Пендаровски посочува дека истата политичка структура во Софија која го потпишала Договорот за добрососедство и која тогаш велела дека тоа е добар договор, сега со последните барања излегува од параметрите на тој Договор.

– Никаде во Договорот од 2017 година нема ниту една единствена буква, а не член, не пасус, не преамбула, каков било дел, кој зборува дека ние треба да дебатираме во рамки на билатералните разговори за етничкото потекло на нас, Македонците. Нема ниту една единствена буква, дел, член, што било кој вели дека ние мораме да преговараме со бугарската страна за тоа дали јазикот на кој сега зборувам е македонски или не, нагласува Пендаровски.

Според него, не може држава од позиција на земја – членка на Унијата да наметнува услови и да кажува како треба да се чита историјата и да се исполнува нешто што воопшто не е дел од Договорот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button