МАКЕДОНИЈА

Пендаровски во Богданци и Дојран

Кандидатот Стево Пендаровски денеска оствари средби со граѓаните на Дојран и на Богданци. Осврнувајќи се на досегашата работа на актуелната власт, Пендаровски посочи на нашето членство во НАТО, каде сме заедно со најсилните, најразвиени светски држави. ,,Без безбедност, нема економски раст”, потенцираше Пендаровски.

Advertisements

,,Досега не сум слушнал ниту една изјава од нивна страна – рече тој, алудирајќи на ВМРО-ДПМНЕ, дека почитуваат некој од договорите што сме ги постигнале. Наместо тоа, најавуваат дека одново ќе преговараат и оти ќе постигнат подобри договори. А, кој може да гарантира дека ќе постигнат подобри договори? Никој! Само ќе ја уназадат земјата 10-15 години и ќе ја вратат во мрачното минато”, рече Пендаровски. Во интеракција со граѓаните, тој беше запрашан за коментар околу обвинувањата на Христијан Мицкоски дека ќе го бојкотира вториот круг од претседателските избори, на што Пендаровски одговори: ,,Немам причина да го бојкотирам вториот круг, затоа што изборите ќе ги добијам.“

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button