МАКЕДОНИЈА

Таравари: „Да се излезе од Отворен Балкан“

Кандидатот на албанската опозиција за претседател Арбен Таравари ги истакна двете клучни точки од неговата програма насочени кон интеграција на Македонија во регионот и во Европската Унија. Според Таравари, главно е веднаш да се излезе од иницијативата Отворен Балкан и целосното да се усогласи надворешната политика со онаа на ЕУ, особено во однос на санкциите против Русија. Во соопштението од штабот на Таравари се вели: „Врз основа на член 121 од Уставот, ќе му предложам на Собранието итно повлекување на Северна Македонија од иницијативата Отворен Балкан. Ќе се заложам за целосно усогласување на нашата надворешна политика со таа на ЕУ, особено во однос на санкциите на ЕУ против Русија“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button