ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Стотици млади кои до изборите ќе наполнат 18 години сè уште немаат документи

450 млади кои ќе наполнат 18 години до денот на претседателските избори, поточно на 24 април, немаат никакви документи за идентификација за да можат првпат да го искористат правото на глас. Во меѓувреме, над 80 млади од вкупно 101 од Скопско успеаја да се пријават за документи на последниот повик на МВР за фотографирање без рок.

МВР:
„Околу 450 граѓани кои наполниле 18 години немаат никаков биометриски документ, ниту лична карта, ниту пасош. На територијата на град Скопје 101 лице кои наполниле 18 години не поседуваат никаков биометриски документ, ниту лична карта, ниту патна исправа. Од нив, 81 лице е фотографирано во станицата „Пролет“ на 06.04.2024 година.“

Додека овие млади чекаат да им се обезбедат документи, голем број граѓани чекаат пред шалтерите на МВР. Според нив, времето на чекање за добивање на документите по редовна постапка трае повеќе од два месеци.

„Требаше да ги сменам документите. Има редици и хаос, но што да се прави, тоа се процедурите, тоа е државата. Не, сè уште не сум го одредил датумот“, рече еден граѓанин.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека до 4 април за лична карта со новото име на државата се пријавиле над 1 милион 200 илјади граѓани, за пасош се пријавиле околу 1 милион 490 илјади, а за возачка дозвола околу 646 илјади.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button