ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пензионери на секојдневно вежбање покрај Вардар

Пензионери на секојдневно вежбање покрај Вардар

Гезим и Сузана се во пензија. Претходно работеле во образованието околу 40 години, едниот како наставник по физичко, а другиот по албански јазик. Сиве овие години оделе на иста работа, а и денеска не се одвојуваат кога ќе направат утринска прошетка и вежбање покрај Вардар.

Колку години работевте заедно? 40 години заедно и 4 години сам, сопругата 2 години сама работеше. Се пензионирав на 40 години- Сопружници.
Дали е тешко да работите заедно со вашата сопруга или сопруг? Не, за мене. Беше лесно, одевме заедно и бевме пријатели, маж и жена дома, а колеги овде.
И денеска излеговте заедно? Да, секој ден излегуваме.
Гезим и Сузана секој ден во 7:00 часот излегуваат да се прошетаат и да повежбаат покрај Вардар. Велат дека тоа ги исполнува и духовно и физички.

„Излегуваме во 7, 7:30, па се враќаме во 8 часот, појадуваме, ги завршуваме домашните работи, се одмораме и потоа пиеме чај. Зимно време излегуваме подоцна поради студот, во 11 или 12, но секој ден имаме рутина. Летото кога сме на одмор во Струга не застануваме ни таму. Не знам, но поидеален живот од вашиот нема. Така велат сите што нè гледаат“, Сопружници.
Гледајќи го порастот на бројот на разводи во последно време, оваа двојка има порака до младите:

„Заемно почитување еден кон друг, повеќе сакајте ги луѓето и помалку да се навредувате“, Идеален пар./Alsat.mk

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button