ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Пензискиот фонд е стабилен и нема потреба од предизвикување паника, велат од МТСП

Од МТСП информираат дека сега како и во изминатите години нема ниту еден ден доцнење на исплатата на пензиите, а растот на истите е континуиран и јасно забележлив. Трансферите кон ПИОМ се навремени и сигурни, дури и во време на Ковид пандемијата, кога започна првата предвремена исплата на пензиите.

„Со последните измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година, и воведувањето на новиот начин на усогласување на пензијата, со усогласување со комбиниран модел од 50% пораст на просечната плата и 50% пораст на трошоци на живот пензиите пораснаа за околу 21 %. Првото усогласување во Септември 2022 година беше 6.8%, второто во Март 2023 година – 8.4% и моменталната проекција за Септември 2023 година- најмалку 6 отсто“, се вели во соопштението на МТСП.

Од таму дополнуваат и дека ниту едно од овие зголемувања не ја загрозила стабилноста на Фондот, ниту ја пореметила редовната исплата на пензиите што пак е јасен показател на посветеноста кон граѓаните и стратешкиот избор на донесени политики како и долгорочното планирање кое обезбедува стабилност на Пензискиот Фонд, но и сигурност на пензионерите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button