КОШАРКАСПОРТ

Работнички и Феникс ги дознаа ривалите за ФИБА Еврокупот

Македонските прволигаши Работнички и Феникс 2010 ги дознаа противниците во квалификациските групи за пласман во ФИБА Еврокупот. Нашиот најтрофеен кошаркарски колектив ќе биде во единствената група со четири учесници. Работнички за ривали ги доби Донар Гронинген од Холандија, Рапид Букурешт од Романија и тимот на Сабах, кој е шампион на Азарбејџан.

Феникс 2010, пак, своето европско деби ќе го има во групата Е, против екипите на Рошток од Германија и Керавнос од Кипар.

Групите ќе се играат според принципот „секој со секого“, а пласман ќе обезбеди само екипата која што ќе заврши на првото место. Работнички ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир, додека Феникс 2010, ќе игра во Кипар. Турнирите се закажани за почетокот на октомври.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button