ЗАБАВАМЕТРОПОЛ

„Барби“ влегува во историјата со 1 милијарда долари на киноблагајните

Речиси три недели откога почна да се прикажува, блокбастерот на сценаристката и режисерка Грета Гервиг заработи неверојатни 1,03 милијарда долари на светските киноблагајни, според официјалните проценки на „Ворнер брос“. Гервиг стана прва жена режисер со филм вреден милијарда долари.

Како една половина од виралниот феномен „Барбенхајмер“ не е за изненадување што „Барби“ добро се покажа. И, стоејќи на свои нозе, неверојатниот успех на куклата воопшто не е неочекуван.

Во филмот, во кој Маргот Роби и Рајан Гослинг ги глумат Барби и Кен, легендарната кукла оди во авантура во реалниот свет.

Во интервјуто за „Колидер“ минатиот месец, Маргот Роби, која го продуцира филмот, покрај што го глуми насловниот лик, говореше за претчувството што го имала на состанокот со студијата кога филмот требало да добие зелено светло.

„Барби“ е дистрибуиран од „Ворнер брос“, во сопственост на матичната компанија на Си-ен-ен, „Ворнер брос дискавери“.

Продажбата на билети за „Барби“ е на второ место по „Супер Марио Брос“, кој излезе во април, а досега има заработено 1,357 милијарда долари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button