ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Пешев: Капиталот е плашлив, бега од потенцијално опасни територии

Извршниот директор на Стопанската комора, Антони Пешев, во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат оцени дека вчерашната средба помеѓу бизнис секторите на Македонија и Бугарија е позитивен чекор што ќе придонесе за позитивен развој на настаните во економијата помеѓу двете земји. Како што вели Пешев, помирните тонови помеѓу политичарите создаваат подобра бизнис клима.

„Ако политичкиот вокабулар помеѓу политичките елити во двете држави е лош, тоа се рефлектира врз целокупната инвестициска клима, но и соработката помеѓу државите. Капиталот е во принцип плашлив и бега од тој тип на потенцијално опасни територии“, рече Пешев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button