ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Економска соработка со Бугарија, Лазаров кажа дел од проектите разговарани со бизнисмените

Младите како во Македонија, така и во Бугарија, својата подобра иднина ја бараат во другите европски земји, вели во своето вечерашно гостување во емисијата Економски Магазин на Алсат, претседателот на македонско – бугарската стопанска комора, Кирил Лазаров. Откривајќи детали од вчерашниот состанок со бугарските бизнисмени и економски експерти Лазаров вели:

„Ставивме акцент на потребата да се забрза регионалниот развој помеѓу Македонија и Бугарија со цел да се задржат младите затоа што и кај нив и кај нас пописите покажуваат дека сме доста помалку отколку пред десет години. Со тој проблем не може да се бори сама секоја држава, туку е потребен еден регионален пристап. Се концентриравме на што побрза изградба на Коридорот 8, отворање на граничните премини што се од наша страна завршени, „Клепало“, за да може да се развие тој туристички потенцијал којшто ќе го има помеѓу Берово и Сандански, регионот во Бугарија“, рече Лазаров.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button